Со мене се е во ред, покрај крвта на носот,
со мене се е во ред, штотуку пораснав,
со мене се е во ред, само заборавив како да дишам,
започнав игра, но заборавив како да дишам.
Се е во ред, наеднаш се стемна,
на југ стана ладно, на север - топло,
останав сам, на своето,
остана само Бог, кој гледа на мене.
Многу пати згрешив, правејќи нешто погрешно,
но продолжував и го правев следниот чекор.
Им верував на луѓето на кои не требаше,
и тие тоа го искористија кога им требаше.
Имаше луѓе, да, на кои можев се потпрев,
со нивна помош и чисто срце.
Но има и такви на кои тоа им пречи,
и туѓото уништување нема да ги спречи.
Улиците во себе носат болка и разочарување,
минути на страв и очајување.
Во болка, без Негова помош луѓето полудуваат,
рамнодушните ќе речат: "Тоа е судбина".
Кој што игра игра и заборава на правила,
подоцна сфаќа дека среќата го оставила.
А тој што ги менува правилата за себе,
ќе биде победник везден.
Си играат и дома, каде што е топло,
играат дама, шах, домино..
Јас играм игра, таа е моја,
таа ми припаѓа мене, и на тие што ја чувствуваат како своја.
Ако сакаш да играш - Играј!
Ако сакаш да леташ - Летај!
Животот е само игра,
ако паднеш - стани и играј.
No comments:
Post a Comment