Sunday, May 27, 2018

#5

Смртта е длабочина. Длабочина на свеста. Длабочина на душата на оние кои сè уште ја имаат. Смртта ги привлекува луѓето. Ги мами. Ако некој не сака да се смири во овој свет, ќе се смири во другиот. Многу луѓе сонуваат дека ќе умрат невообичаено, како луѓето ќе тагуваат за нив, и како не им ја исполнале последната желба. Мех.
 Некој го замислува својот крај уште како млад, некој не помислува на тоа дури и во длабоката старост. На човечките можности и вкусови им пркоси возраста. Но таа е опасна само тогаш кога си стар. Кога помислувам на тоа како би умрел, мислам дека би требало да биде интересно. Интересно за мене. Може да биде во ладна ноќ, во некоја шумичка во која одиш да шеташ и да размислуваш. Останува само здивот кој како бел чад се издига нагоре. Високите и силни дрва го ограничуваат погледот, но светлината на ѕвездите се познаават и низ нив. Едноставно само се движиш и мислиш за самиот себе. За тажното, за веселото. Можеш и да плачеш, но можеш и да ја видиш насмевката на твоите усни. Мислиш на минатото, мислиш на сегашноста, но не и за иднината. Си го донел своето решение. Твоите мисли пополека те убиваат, и само паѓаш на земја.
Лежиш неколку часови, плачеш и се прашуваш дали можеш да ги видеш ѕвездите. Сè уште е темно, но си мислиш дека одамна требало да е утро. Топол дожд, продолжуваш да чекориш низ шумата. Си се премислил за смртта, исплашен си, но гледаш светлина. И чад. Гледаш стара куќичка, ѕидана со камен и огниште. Свири некоја мелодија, Светлината која ја гледаш те прави како да можеш да долеташ до таа куќичка, до таа искра надеж, и да заборавиш на сите стравови и кошмари, за сите приказни за темните шуми.
Веќе ја гледаш. Малечка и пријатна куќарка. Таа ти зборува: “Влези. Туќа ќе ти биде убаво, тука е топло и суво. Има храна и музика. Тоа е домот од твоите соништа. Ти го сакаш тоа. Знам.” Ја отвораш вратата и го очекуваш најлошото, но...тоа што си го мечтаел како мал станува вистина. Гледаш фотеља, ќебе и столче. Земаш книга и ги ставаш нозете на столче, се покриваш со ќебето и читаш.
Се додека нè заспиеш.

#5

Смртта е длабочина. Длабочина на свеста. Длабочина на душата на оние кои сè уште ја имаат. Смртта ги привлекува луѓето. Ги мами. Ако некој н...